News
-
За викендот облачно со краткотраен дожд, од понеделник постудено со дожд и снег
Времето утре и за викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локална појава на краткотраен дожд. Утре ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степни, а максималната од 4 до 12 степени.
-
Неработен петок во Македонија – зошто да не?
Шпанија е последна од редицата земји која официјално ја скрати работната недела. Владата на Шпанија, во договор со синдикатите, но без поддршка на најголемите здруженија на работодавците, одобри намалување работната недела од 40 часа на 37,5 часа без да се намалат платите. Од ваквата мерка корист ќе имаат 12 милиони работници.
-
На хрватските улици наскоро ќе сообраќаат автомобили без возач: Започна изградбата на фабрика – прва од ваков вид во регионот
Во близина на Загреб започна изградбата на првиот производствен погон за автономни автомобили во Хрватска и регионот. Во оваа фабрика ќе се произведува Vern, автономно електрично роботакси, именувано по познатиот француски писател Жил Верн.
-
Колку брзо возат Германците на делови од автопатите без ограничување на брзината?! Резултатите се изненадувачки…
Често се мисли дека деловите од патиштата без ограничување на брзината во Германија се место за авантуристи, кои ја притискаат педалата за гас „до даска“ и во комбинација на возбуда и нервоза, брзаат, брзаат… Но, тоа не е баш така.
-
Без работа ќе останат неколку илјади работници: Популарна банка во Германија планира големи откази
Комерцбанк планира да отпушти неколку илјади работници во Германија. Мерката се очекува да влијае на 3.000 до 4.000 вработени од вкупно 42.000 лица.
-
10 половни автомобили кои имаат повисока цена отколку кога биле нови
За време на економска криза, побарувачката за автомобили обично се намалува, но феномен кој не беше толку познат во претходните времиња го зафати светскиот автомобилски пазар во последните неколку години.
-
Светски ден на радиото – гласот што го поврзува светот
Од 2013 година, 13 февруари се одбележува како Светски ден на радиото, потсетувајќи нè на неговата клучна улога во медиумскиот пејзаж, како и на потребата за негово прилагодување во дигиталната ера.
-
Граѓаните најбезбедно се чувствуваат дома!
Половина од граѓаните (50,3 отсто) се подготвени да посегнат по насилство за да ја заштитат безбедноста на нивното семејство, покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за перцепцијата на граѓаните за безбедноста, како личната, така и општо, во државата, по спроведената телефонска анкета на национален репрезентативен примерок од 1.000 испитаници.
-
Плата од 35.000 до 55.000 денари: Огласи за работа во Салваторе – автентичен италијански ресторан во срцето на Скопје!
Салваторе Ресторан Скопје нуди уникатно гастрономско искуство со совршен спој на италијански вкусови и префинета атмосфера.
-
Масовни отпуштања во САД: 75.000 работници прифаќаат доброволно заминување
Околу 75.000 федерални работници во САД ја прифатија понудата од администрацијата на претседателот Доналд Трамп доброволно да ја напуштат службата, изјави портпаролот на американската Канцеларија за управување со персоналот.