„Регистар на вистински сопственици“ е информациски систем кој овозможува прием, евидентирање, обработка, чување и размена на податоци и/или документи за вистински сопственици во електронска форма;
Регистарот на вистински сопственици подразбира обврска за секој потенцијален субјект да пополни соодветен формулар во кој ќе наведе каде и во колку компании има сопственост, кои се тие, каде има удел, колкава е висината на уделот, каде има акции и каде е евентуално претседател на управен одбор“
Обврската за упис на субјектите е утврдена во Законот за спречување пари и финансирање на тероризам. Вистинскиот сопственик е секако променлива категорија и секоја промена треба да се евидентира во системот независно од типот на субјектот.
Рокот за впишувањето на вистинските сопственици истекува на 27 април. На крајот од минатиот месец во регистарот беа впишани 16.720 субјекти. Подносител на пријавата за упис на вистински сопственик може да биде секое лице кое поседува дигитален сертификат и кое е овластено од правниот субјект преку системот на администраторот.
Според објаснувањето од ЦРМ доколку законската обврска не се заврши во законски предвидениот рок, правниот субјект може да биде исклучен од платниот промет.
Ако не сте се регистрилае сторето го тоа ОВДЕ