Средствата на финансиските друштва имаат годишен раст од 14,1%. На крајот на 2020 година, вкупните средства на финансиски друштва изнесуваат околу 5 милијарди денари, а најголем дел од нив или 89% се однесуваат на побарувањата од приватниот сектор. Кредитите одобрени на населението на крајот на 2020 година се околу 3,5 милијарди денари, додека кредитите одобрени на фирмите се околу 980 милиони денари. Споредено со крајот на 2019 година, кредитирањето на населението бележи раст од 24,3%, додека на фирмите е намалено за 4,6%.
Двоцифрениот годишен раст на кредитите на населението во 2020 година е остварен и покрај значајното нарушување на билансите во текот на годината, како резултат на состојбите од пандемијата на Kовид. Небанкарските финансиски друштва, кои се комплементарни на традиционалниот финансиски систем во кредитната поддршка на приватниот сектор, и под вакви предизвикувачки услови дадоа поддршка во надминување на негативните ефекти предизвикани од Ковид кризата. Во натамошниот период ќе продолжи нивната поддршка кон приватниот сектор со цел полесно опоравување на економијата од шокот предизвикан од пандемијата.
Извор : https://denar.mk/