Револуционерната гума е изработена од паметен мемориски метал, која за разлика од истегнувањето, ја преуредува својата молекуларна структура кога се витка, така што се враќа во првобитната форма.
„Жиците се ткаени за да се создаде безвоздушна структура на гумата која има способност да се витка на теренот, за разлика од сегашните крути (гумени) тркала. Материјалот SMA делува како амортизер и може без напор да помине низ терен оптоварен со камења, без да ја скине или оштети гумата “, ја опишува НАСА основната технологија за METL гумите.
Веројатно мислите дека металната гума која доаѓа во контакт со асфалт не е многу добра идеја и имате право. Затоа, металната компонента на гумата METL всушност нема да биде во контакт со асфалтот. Ќе биде обложена со нов вид гума слична на полиуретан, која е погодна за сите временски услови и нуди одлично триење.
Гумите METL на компанијата SMART Tire2 се очекува да се појават на пазарот во 2022 година и во моментов нема информации за цените.
Извор: https://denar.mk/