Досега во Македонија против ковид-19 се вакцинирале 26.000 граѓани
Вакцина против ковид-19 досега примиле 26.014 граѓани, стои на онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација а интерес за да се вакцинираат пројавиле и се регистрирале 154.248 граѓани.
Иако вакцинацијата е доброволна некои луѓе се премислуваат и не се појавуваат во закажаниот термин. Тоа ги загрижи здравствените власти кои велат дека колективниот имунитет не може да се постигне преку вакцинација, ако многу граѓани не се вакцинираат. Во спортската сала Борис Трајковски каде има 48 пунктови за вакцинација медицинскиот персонал се обидува да ги сензибилизира граѓаните за доброволно да се пријавуваат за вакцинација.
Има лица кои се повикани од работната организација но не се појавиле на вакцинацијата, не ја кажуваат причината но по информациите кои кружат најчестатат причина е недовербата во вакцината недоволните или погрешни информации.
Вчера во салата „Борис Трајковски“ се вакцинираа околу 600 новинари, и тоа тие од критичната група над 40 години и луѓе кои се со хронични болести. Вакцинацијата беше организирана во соработка со ЗНМ, ССНМ и Министерството за здравство.
За да го опипаме пулсот на нашите читатели поставивме анонимна анкета на која ве прашуваме „Дали ќе се вакцинарте против Ковид -19?“ на која можете да одговорите ОВДЕ