Производителите на ракијата Yebiga од Србија, пред две години ги воодушеви купувачите во САД со вкус на традиционална ракија. Промотор и идеен творец на оваа ракија е Били Галд, басист на групата Faith No More. Тој бил толку воодушевен од ракијата што ја пробал во Србија по што се поврзал со дестилерии во земјата, а резултат од соработката е ракијата Yebiga Prva, класична ракија од сливи.
Откако Yebiga Prva имала одлични резултати на пазарот во САД, следела и нова ракија под името Yebiga Bela. Направена од сливи одгледувани во централна Србија, а ракијата е чувана во буриња од инокс, пишува Vino i fino.
Новата ракија што ја промовира рокерот сега може да се купи во одбрани продавници во Калифорнија, Илиноис, Њујорк, Њу Џерси и Вашингтон.