Стејт департментот на САД додаде на списокот околу сто земји во кои не се препорачува патување, вклучително и Хрватска, Велика Британија, Канада, Франција, Мексико и Германија, поради многу високата стапка на Ковид-19.
До вчера на списокот на САД имало 34 од околу 200 земји а сега има околу 130.
Стејт департментот наведува дека одлуката се заснова на постоечките проценки на епидемиолошката состојба во тие земји на Центрите за контрола и превенција на болести.
Земјите што ги засега оваа одлука се Финска, Египет, Белгија, Турција, Италија, Шведска, Швајцарија и Шпанија.
Некои земји, како Кина и Јапонија, останаа на третото ниво на предупредување, а граѓаните се охрабруваат да се преиспитаат дали треба да патуваат таму.
Повеќето Американци веќе беа спречени да патуваат во поголем дел од Европа поради пандемијата од Ковид-19.
Вашингтон забрани влез во земјата на скоро сите државјани на САД кои неодамна биле во повеќето европски земји, Кина, Бразил, Иран и Јужна Африка.
Забраната за патување во Канада и Мексико, вчера беше продолжена за уште 30 дена.
Извор : https://tocka.com.mk/