За сите 252 вработени лани ЦКБ Банка платила фиксен дел од 2,5 милиони евра. Половина милион евра се платени на 22 менаџери од средно ниво (раководство на филијали, раководители на организациски единици н.з.), а за тројцата врвни директори просечно лани банката плаќала бруто износ од 3.840 евра однос 138.200 евра
Просечната бруто месечна плата по член на Управен одбор на Централна кооперативна банка (ЦКБ) за 2020 година изнесува 3.840 евра.
Вкупно лани банката на врвните тројца менаџери: Неделин Василев Валчев, претседателот на управниот одбор и членовите Орце Трајковски и Станимир Станчев платила 138.200 евра, покажуваат официјалните податоци достапни во годишниот извештај за работењето на банката лани. Значајно за истакнување е тоа што лани банката за своето врвно водство (тројцата членови на Управниот одбор н.з.) платила само фиксен дел за надомест т.е плати, а не платила варијабилен дел односно награди за успешност иако банката лани има речиси дуплирана добивка во споредба со претходната година.
За своите 227 вработени лица лани ЦКБ исплатила плати и други фиксни надоместоци во бруто износ од 1,85 милиони евра. Односно 679 евра просечно бруто месечно по вработен. Вкупно за сите 252 вработени во вертикалната на ЦКБ Банка лани се исплатени 2,5 милиони евра.
Извор Фактор.