Од денес, словенечките граѓани можат да патуваат меѓу регионите, а некои културни настани се дозволени со одлука на владата, сепак, собранието го намали бројот на луѓе собрани на отворено од 100 на 10 лица, пренесе агенцијата СТА.
Воведено е дополнително ограничување – едно лице мора да има 30 квадратни метри затворен простор, а 10 квадратни метри на отворено и растојанието помеѓу две лица не смее да биде помало од еден и пол метар.
Истите рестриктивни мерки во врска со просторот што мора да ги има едно лице се однесува и за музеите и библиотеките, кои се отворени веќе некое време.
Владата ги изненади граѓаните дозволувајќи отворање театри и кина, под ограничувачки мерки, додека вработените мора да се тестираат за Ковид-19 еднаш неделно, освен ако не биле ревакцинирани или заразени со вирусот.
Извор : https://vesnik.com/