Имаш интервју за работа? Изнајми одело бесплатно
Шведскиот моден гигант H&M им овозможи на клиентите да ги изнајмуваат неговите костуми бесплатно на 24 часа. Компанијата ја започна својата услуга за изнајмување облека за прв пат во Велика Британија минатата недела, но планира да ја понуди истата услуга во САД почнувајќи од 13 мај, соопшти H&M.
Овој потег, наводно е дел од поголема цел насочена кон одржливоста на гигантот за облека, кој ја започна “conscious collection“ во 2012 година. Оваа колекција содржи предмети изработени од најмалку 50% одржливи материјали.
Шведскиот моден гигант планира да користи само рециклирани или други материјали од одржлив извор од 2030 година. H&M изјави дека услугата за изнајмување облека исто така им овозможува на сите што ќе дојдат на интервју за работа “да остават моќен прв впечаток“.
Иако клиентите на H&M не се одговорни за каква било мала штета како што се дамки, тие ќе мораат да ја платат целата малопродажна цена на костумот доколку се појави некоја “голема штета“.