По едногодишна пауза поради пандемијата која го зафати светот, HR Experience на 27 мај повторно ги собира експертите за човечки ресурси од регионот и странство- овој пат на онлајн конференција.
Организаторите на конференцијата poslovi.infostud.com одлучија оваа година главните теми на кои ќе се разговара да бидат темите за Редефинирање на човечки ресурси, како и за одржување на мотивацијата на вработените во време на криза.
На конференцијата ќе се обратат истакнати имиња како Ларс Шмит - автор на истоимената книга и коавтор на „Employer Branding For Dummies“. Покрај тоа, говорниците и учесниците на панелите во фокусот ќе ги имаат и промените и прилагодувањата на пазарот на трудот,како на глобално така и на домашно ниво кои ги донесе со себе оваа новонастаната ситуација
На конференцијата говорниците ќе се обидат да дадат одговор на прашањата:
Кои се новите трендови на вработување?
Како работдавачите да станат по привлечни за работобарателите во “новата“ ситуација?
Што не чека по завршувањето на пандемијата?
Како дел од конференцијата за човечки ресурси, како и секоја година, тука е и натпреварувачки дел - „Успешни HR приказни“ со цел да и се понудат на домашната заедница за човечки ресурси најдобрите домашни, регионални и глобални HR приказни и практики.
Преку применливото знаење и искуство со човечки ресурси, учесниците во HR Experience ќе имаат можност да слушнат кои се новите трендови во областа на човечки ресурси, како да се подобри перцепцијата за нивната компанија во очите на кандидатите и како да се привлечат најдобрите меѓу нив.
Деталната програма на конференцијата за човечки ресурси во организација на колегите од Србија може да се најде на веб-страницата HR EXPERIENCE 2021 каде може и да се ПРИЈАВИТЕ!