На утрешната средба ќе се разгледа предлогот од 27 април до 15 мај, полицискиот да почнува од 21 часот. На една недела до најголемиот христијански празник, се уште е неизвесно дали и овој Велигден ќе го прославиме во црква, или сепак ќе останеме дома.
Ќе ги празнуваат ли верниците Велигденските празници и годинава во полициски час? Свештениците се оптимисти дека тоа нема да се случи, но сепак, конечната одлука ќе се знае утре по состанокот со главниот кризен штаб. Ако нема целосен карантин, свештениците апелираат да нема масовни собирања по храмовите, односно верниците да ги почитуваат мерките за зашита, да запалат свеќа и да не прават гужва
-Ги повикуваме сите верници да дојдат во храмовите и да запалат свеќа за здравје, но да не прават гужви, и секако да ги поќитуваат мерките за заштита од пандемијата. Инаку, Влегувањето на Исус Христос во Јерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител. Исус влегува во престолнината на осле, според старозаветното пророштво. Ова е уште еден од многубројните знаци по кои би можеле да Го препознаат, но сепак овој знак не го разбраа ниту Неговите ученици, вели за Алфа Златко Малинов, свештеник во Соборниот храм.
На утрешната средба ќе се разгледа предлогот од 27 април до 15 мај, полицискиот да почнува од 21 часот. На една недела до најголемиот христијански празник, се уште е неизвесно дали и овој Велигден ќе го прославиме во црква, или сепак ќе останеме дома.
Граѓаните треба да знаат за ризиците кои ги носи групирањето во затворени простории за време на претстојните верски празници. Верниците претстојните празници велат ќе ги поминат во кругот со семејството, па ако може, ќе отидат и до црква да запалат свеќа.
Инаку за претстојните празници во храмовите ќе се служат богослужби и литургии. Велигден и оваа година се спроведува во вонредна состојба.