Модели на Opel Corsa произведени во Франција во периодот од 2019 до 2021 година ќе треба да се јават на сервис за да биде отстранет проблемот кој е детектиран.
Станува збор за „електричното заземјување кое може да биде недоволно. Ова може да доведе до неочекувано отворање на страничните воздушни перничиња, зголемувајќи го ризикот од повреда“, се вели во објаснувањето на европскиот систем за предупредување за продукти.
Со повикот за сервис се опфатени моделите со Opel Corsa и Corsa e со 3 и 5 врати. Вакви проблеми се најдени и кај примероци продадени во Грција.
Вкупниот број на модели со ваков дефект се 92.851.
Opel recall code: E202008520 (20-C-192)
Affected models: Corsa F, Corsa e
Vehicle numbers (worldwide): 92 851