По четири месеци строг карантин, Холандија почнува да укинува некои ограничувања за епидемијата на коронавирус.
На граѓаните повторно ќе им биде дозволено да излегуваат на улиците ноќе затоа што полицискиот час воведен во јануари ќе биде целосно укинат, додека продавниците и терасите на рестораните ќе можат да се отворат под одредени услови.
Холанѓаните исто така ќе можат да примат две лица во своите домови, наместо само едно.
Холандската влада, предводена од премиерот Марк Руте, одлучи да ги ублажи ограничувањата и покрај големиот број нови инфекции и предупредувања од нејзиниот научен советодавен совет за коронавирус.
Стапката на зараза неделно на 100.000 жители во моментов е 220.
Владата очекува да се намали бројот на заразени поради зголемениот број на вакцинирани.
Околу пет милиони луѓе примиле барем една доза на вакцина против коронавирус во земјата со 17 милиони жители.
Извор : https://info.mk/