За летната сезона, Грција ќе дозволи влез на туристи кои се вакцинирани и со руската и со кинеската вакцина, потврди грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис говорејќи во интервју во рамките на конференцијата на „Фајненшл Тајмс” и уште еднаш истакна дека земјата, за туристите ќе биде отворена од 15 мај, јави дописничката на МИА од Атина.
Иако Европската Комисија има поинаков став за конкретните вакцините, Мицотакис сепак вели дека тие остануваат на нивната позиција да ги признаат и тоа пред сѐ се однесува на руската вакцина, поради тоа што очекуваат туристи од Русија.
Грчкиот премиер истакна дека намерата е туризмот да биде безбедно отворен, а тоа значи дека „ако некој сака да патува во Грција без да биде потребен карантин ќе треба, на грчките власти да им покаже сертификат за вакцинација, потврда дека ја прележал болеста или негативен ПЦР или антиген тест”.
Најавата се уште останува не променета дека Грчката граница се отвара на 14 мај а влезот во земјата е дозволен со негативен PCR тест или со сертификат за вакцинација