После најавата на Претседателот Вучиќ дека вакцинираните граѓани секој ден ќе се наградуваат со ваучери, истите побрзаа по вакцина и по награда.Но никој не чекуваше стампедо!
Огромна гужва вчера наутро имаше во трговскиот центар Ушче во Белград, каде што граѓаните дојдоа да се вакцинираат против корона на новоотворениот пункт за вакцинација, но и да добијат ваучер во износ од 3.000 динари, што беше награда за првите 100 кои дојдоа до пунктот.
Иако отворањето беше закажано за 9.00 часот, многу граѓани започнаа да се сибираат во редици пред трговскиот центар уште пред 8.00 часот. Огромна толпа тогаш се пресели и во трговскиот центар. Долги редови се формираа во ходниците и ескалаторите пред пунктот за вакцинација.
Вчера, првите 100 вакцинирани лица добија ваучер вреден 3.000 динари (околу 1.500 денари) за пазарување во трговскиот центар. Оваа акција продолжува денес, кога првите 50 вакцинирани ќе добијат ваучер, но вреден 5.000 динари (околу 2.500 денари) за пазарување во продавниците на „Фешн и френдс“, а првите 100 вакцинирани в сабота ќе добијат пакет подароци од компанијата „БГ електроник“.
Редарите иако на почетокот биле пристојни и културни во еден момент морале и да реагираат подрско бидејки страшните гужви и турканиците ризикувале некој да се повреди..