Третиот бран на пандемијата на коронавирусот се чини дека е разбиен, порача денеска германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, додавајќи дека мерките за физичка дистанца и забрзувањето на процесот на вакцинирање помагаат во стапката на намалување на заразата.
„Се чини дека третиот бран е разбиен“, порача Шпан на редовната прес-конференција на која се осврна на ситуацијата со пандемијата на коронавирусот во земјата.
Клучниот предизвик во зголемувањето на производството на вакцините е „колку брзо и колку ефикасно ќе се пренесе технологијата“, изјави Шпан, повторувајќи дека официјален Берлин се противи на американскиот предлог за откажување од заштитата за патентите за производство на вакцините.
„Главното прашање не е заштитата на патентите, туку производните капацитети“, изјави Шпан.
Министерот изјави дека би бил воодушевен доколку Соединетите Американски Држави ја покажат истата подготвеност за извоз на вакцините како што тоа го покажа Германија.
Процентот на германски граѓани кои, според неговите зборови, ја добиле првата доза од вакцината сега достигна на 31,5% при што 900 илјади луѓе вчера добиле доза. Во настојувањето да се забрза процесот на вакцинација, Шпан дозволи вакцината на „Астра Зенека“ да им се дава на сите возрасти со што беа укинати претходните ограничувања.