Во Аргентина постои компанија каде вработените едни на други си ги определуват платите. Така еден член на тимот може да каже дали и колку треба да му се покачи платата на другиот, но има и појава на одбивање на покачувањето бидејки некој смета дека тоа не го заслужува.
Звучи неверојатно нели? Но компанијата 10Pines, веќе 12 години го развива овој концепт и за сега се покажал како одличен!
Ариел Умански одлучил да го одбие предложеното зголемување на платата за седум проценти во декември 2020 година. Тој сметал дека не може да го оправда ова пред своите колеги. Всушност, тоа било втор пат во последните пет години да одбие покачување во 10Pines, пишува BBC.
Компанијата создава софтвер за клиенти, вклучувајќи ги Старбакс и Бургер Кинг, кои работат на работи како карти за лојалност за клиентите, апликации и платформи за е-трговија. Секоја година, 50 проценти од профитот се распределува на вработените.
„Клучниот аспект на транспарентните плати не е да се знае колку секој заработува, туку да се знае кој од кого заработува. Тоа е хиерархија, нели?“ прашува Умански.
10Pines се стреми да има рамна хиерархија и да биде што е можно потранспарентна кон вработените. По тримесечен пробен период, новиот персонал им се придружува на остатокот од тимот на месечни отворени состаноци, на кои се донесуваат клучни одлуки на компанијата. За потенцијалните нови клиенти, трошоците, финансиите и, се разбира, платите. Нема извршен директор и нема вистински менаџери во тимовите, иако има вработени на високи позиции ,кои се партнери, познати како „соработници“ и „господари“.
"Бидејќи нема шефови да одлучуваат за покачување, власта се пренесува на луѓето. Ние не сакаме јаз во платите како во САД", вели Хорхе Силва, ко-основач на 10Pines и "господар".
Оваа стратегија во суштина не значи дека сите треба да земаат еднакви плати туку кон сите да се биде правичен, според заслугата. И секој да биде свесен за својата работа но и да биде свесен ако не доволно допринел кој е колегата кој му овозможил месецов да прими плата.