Иако се размислуваше дали со една доза ќе се вакцинираат прележаните а некаде се зборуваше и дека нема потреба да с евакцинираат сепак се донесе одлука.И прелеќаните ке се вакцинираат со две дози!
И прележаните ќе се вакцинираат со две дози од вакцините против ковид-19, одговори за Плусинфо министерот за здравство Венко Филипче.
– Нашата држава ги бележи за вакцинирани сите граѓани кои уредно ги примиле двете дози од било која вакцина. Граѓанинот е потребно да е вакциниран и ревакциниран за да добие сертификат со генериран QR код, после што ќе може да го користи за патување – одговори тој на прашањето каква стратегија ќе заземе Македонија во однос на вакцинирањето на оние кои прележале ковид-19.
Прашањето за вакцинирањето на прележаните е во контекст на неодамнешната одлука на Хрватска која соопшти дека со една доза ќе ги вакцинира оние кои го прележале коронавирусот.
Професорот д-р Драган Даниловски пак преку својот профил на Фејсбук порача дека не постои причина лице кое прележало ковид да не се вакцинира, независно дали развило или не антитела.
„Во ниту една земја во светот во која се спроведува масовна вакцинација, на пример, Израел, САД, Обединетото Кралство и сите други, воопшто не се прашува дали некој прележал ковид и колку време поминало од прележувањето, а камоли да се прават серолошки тестови пред вакцинирањето!
Една најнова аргентинска студија покажала дека после давање на една доза на вакцина (Спутник V) кај прележани од ковид, се развил повисок титар на антитела, отколку кај оние што примиле две дози, а претходно немале ковид. Патем, ова е доказ дека не постои ризик по здравјето на прележаните лица ако се вакцинираат. Ова покажува дека кај прележаните била доволна само една доза за да развијат полн имунитет. Прележаноста на болеста играла улога на прва доза на вакцина. Ставот да се почека да поминат шест месеци се темели на фактот што бројот на вакцини кај нас е ограничен и фер е прележаните да се стрпат, додека да се вакцинираат оние без никаква заштита“, напиша Даниловски