![Од утре полицискиот час ќе почне на полноќ и ќе трае до 4 наутро, одлучи Владата](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/8d/b53e56d8-resize-820x0x100.jpg)
Владата на денешната седница го одобри предлогот на Кризниот штаб од утре полицискиот час да се скрати и да трае од 24:00 до 04:00 часот.
Новите мерки важат од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица.
Според новите мерки што беа предложени, полицискиот час ќе трае од 24:00 часот до 04:00 часот и се дозволува користење на годишен одмор за здравствените работници.
Ивентите и настаните ќе се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 проценти од капацитетот на затворениот простор, а се зголемува и бројот на деца кои може да се згрижат во една група во градинките односно од 15 на 20 деца.