Адвокатурата како професија се модернизира!
Од адвокатските канцеларии се очекува електронско водење на документацијата, брз пристап до документите од разни рочишта, безбедност на податоците.
Специјализираната програма „Е-Едвокат“ обезбедува детални записи за сите случаи, рочишта, тужби, извештаи, како и нивните видови (на пример, рочишта во следните 7 дена, сослушувања без извештаи, случаи од клиенти, датуми, дејствија во постапката, итн). Овој начин на организирање на работата на адвокатската канцеларија дава можност за брзо и лесно пребарување на целата документација и следење на фазите на сите дејствија во постапката.
Добрата организација е клучот за успехот на една адвокатска канцеларија!
Добра организација на една адвокатска канцеларија значи максимално искористување на времето со зголемен квалитет на работата и резултатите. Е-адвокат е огледало на добро организираната работа на секоја успешна адвокатска канцеларија.
Извршување на секојдневните обврски и процеси на најефикасниот начин е еден од темелите за успех во деловниот свет. Модернизацијата им помага на адвокатите да ја зголемат својата ефикасност, а поголемата ефикасност потоа се претвора и во поголем профит. За неколку години, главната поделба на адвокатите нема да биде на мали, средни и големи - туку на паметни адвокатски канцеларии и оние кои не успеале навреме да се приспособат на промените на дигиталното време.
Целиот текст прочитајте го на faktor.mk