Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен југозападен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.