Најпродаваната книга на Роберт Кијосаки „Богат татко, сиромашен татко“ е книга што треба да ја прочитаат сите оние кои се заинтересирани за градење богатство.
За вас издвоивме 3 важни лекции што ќе ве инспирираат да ја прочитате книгата, доколку досега не сте го направиле тоа.
1.Управување со пари
Oна што многу луѓе не успеваат да го сфатат на време според Кијосаки е тоа дека финансиски успешните луѓе прават една работа подобро од луѓето кои постојано имаат финансиски потешкотии: редовно штедат пари. Тие имаат тенденција да не трошат на луксуз сè додека навистина можат да си го дозволат тоа. Повеќето луѓе од средна класа трошат премногу пари создавајќи илузија на богатство, а всушност живеат плата до плата.
2. Платете си себе прво
Една од најголемите разлики помеѓу Богатиот татко и Сиромавиот татко е дека сиромашниот татко ја добива својата месечна плата, ги отплаќа сметките а потоа го користи остатокот(некогаш нема месечна заштеда). Спротивно на тоа, богатиот тато прво си плаќа себеси (одредена сума на штедна сметка/инвестирање) а потоа плаќа за останатото. На овој начин немате изговор дека тој месец не сте успеале да заштедите пари а во најголем дел од случаите сте потрошиле пари на нешто што ви било неопходно.
3. Работете за да научите
Ова е особено корисно поглавје во кое Кијосаки истакнува дека вредноста да се биде вработен не е во парите, туку во искористувањето на ресурсите на одредена компанија за да се подобрите.
На пример, тој се вработил со Ксерокс затоа што знаел дека е срамежлива личност а Ксерокс бил познат по тоа што ја има најдобрата програма за обука за продажба. Тој завршил како еден од најдобрите продавачи во компанијата и откако го добил она што го сакаше од работата, заминал по кратко време. Кијосаки исто така работел како градежен работник, возел автобус и седел на состаноци (со Богатиот татко) со неговите адвокати, банкари, сметководители, итн. Сето ова му помогнало да управува со неговите компании на најефикасен начин.
За повеќе финансиски совети следете го профилот на МОИ ФИНАНСИИ