Продолжува трендот на намалување на бројките на лица заболени од COVID-19. Охрид веќе четири дена без новозаболени лица
Според епидемиолошки анализи, од почетокот на корона пандемијата во Охрид се регистрирани 4.994 заболени лица, од кои во моментов се активни 180.
Ниските бројки, но и медиумските најави дека наскоро ќе се дозволи движење без заштитни маски, придонесоа за делумно почитување на мерките за носење на лична заштитна опрема. Ова, „потпомогнато“ и од намалените бројки на новозаболени лица, придонесува за недозволиво опуштање кај граѓаните.
Во текот на последните 24 часа се направени 1.489 тестирања, при што на ниво на целата држава се регистрирани 14 нови случаи на COVID-19. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 25 пациенти, а според последните, официјални информации на Министерството за здравство на Република Македонија, локално се регистрирани 6 оздравени лица.