Повеќе од успешни се резултатите од работењето на банките во земјава минатата година, како во однос на добивката, така и во однос на обемот на работа, стабилноста и одговорноста кон новонастанатата состојба. Споредбата на финансиските резултати на банките од Република Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Хрватска покажува дека македонските банки се одлично капитализирани и финансиски успешни.
Македонските банки, споредено со банките од регионот, најуспешно се справија со кризата во 2020 година предизвикана од пандемијата од вирусот Covid-19. Повеќе од импресивни се резултатите од работењето на банките во земјава минатата година, како во однос на добивката, така и во однос на обемот на работа, стабилноста и одговорноста кон новонастанатата состојба. Споредбата на финансиските резултати на банките од Република Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Хрватска покажува дека македонските банки се одлично капитализирани и финансиски успешни.
Одговорниот пристап во работењето, навремените мерки од самите банки и од централната банка и довербата на граѓаните во стабилноста на банкарскиот сектор придонесоа Covid-кризата и одземањето на лиценцата за работа на Еуростандард банка да не ги загрозат резултатите и перформансите на македонскиот банкарски систем. Оваа состојба на банките е повеќе од солидна основа за во 2021 година да успеат да се справат со предизвиците и последиците од економската криза, која добива одложено дејство бидејќи крајот на пандемијата сѐ уште не се гледа.
Но, и покрај успешните резултати и одговорното работење, менаџерските тимови во банките во земјава веќе извесен период се соочуваат со уште еден предизвик – шпекулациите за пропаѓање на банки, кои намерно се шират од одредени кругови, од само ним познати причини. Ниту резултатите на банките, ниту официјалните изјави од Народната банка, ниту долгогодишната стабилност на банкарскиот сектор не се доволен показател за да ги разубедат одредени личности во нивната намера да шират дезинформации за состојбите во банкарскиот систем. Имајќи го ова предвид, не е исклучена можноста и овие дезинформации намерно да се пласираат во јавноста, поради што се прави огромна штета врз стабилноста на целиот банкарски сектор и се предизвикува непотребна паника кај населението.
И, за жал, ова се случува само во Северна Македонија. Иако банките во другите земји споменати погоре 2020 година ја завршија со двојно помали добивки во работењето, никој не ја доведува во прашање нивната успешност и стабилност бидејќи се очекува и се бара од банкарскиот сектор да поднесе голем дел од товарот за поддршка на националната економија во услови на силно изразена криза. Истото се очекува и од македонските банки и тие веќе ги имаат на маса деловните планови за годинава, кога треба да излезат во пресрет на потребите, пред сѐ, на компаниите за да им помогнат да ги надминат финансиските тешкотии.
Како ја завршија 2020 година македонските, а како банките од другите земји во регионот?
Како што веќе објави НБРСМ, 14-те банки во земјава во 2020 година остварија вкупна добивка од 7,25 милијарди денари, односно околу 118 милиони евра, што е за 9,2 милиони евра повеќе отколку во 2019 година. Во другите земји во регионот добивките на банките се скоро преполовени.
Според податоците од НБРСМ, значајно зголемување на профитот има кај средните банки, а тука влегуваат ПроКредит Банка, Шпаркасе Банка Македонија, УНИБанка, Стопанска банка а.д. Битола, Централна кооперативна банка и Развојната банка на Северна Македонија. Профитабилноста на малите банки (ТТК банка, Силк Роуд банка и Капитал банка) е слична како и во претходната година, додека на петте големи банки вкупната добивка бележи намалување иако Комерцијална банка има поголемa добивка од таа во 2019. Квалитетот на кредитното портфолио, она што претставува најголема грижа на банките поради економската криза, покажува дека учеството на нефункционалните пласмани во бруто кредитите на небанкарскиот сектор на 30.09.2020 година изнесува 3,4% (2019 – 4,8%), при што кај секторот население показателот се намалил на 1,6% (2019 – 2,0%), додека кај претпријатијата се намалил на 5,3% (2019 – 7,3%). Ликвидноста на банкарскиот сектор е одржана на високо ниво. Високоликвидната актива кај банките на 30.09.2020 изнесува 21,6% (30.09.2019 – 24%) од вкупната актива и покрива 36,2% од краткорочните обврски (30.09.2019 – 41,9%). Адекватноста на капиталот на ниво на банкарски сектор на 30.09.2020 година изнесува 16,9% (2019 – 16,3%).
КАКО РАБОТЕА БАНКИТЕ ВО РЕГИОНОТ ВО ПАНДЕМИСКАТА 2020 ГОДИНА?
Целиот текст прочитајте го на bankarstvo.mk