Иако звучи неверојатно вистина е. Првата турска робот-актерка потпиша договор за снимање филм со продуцентот и режисер Бирол Ѓувен.
Според изјавата од MinT Production, роботот Ајпера ќе има улога во новиот филм на Ѓувен, „Дигитален човек“ (“Digital Human”), кој треба да ги обедини роботите и луѓето. Снимањето на филмот ќе почне во септември годинава и ќе биде претставен во 2022 година.
Ајпера е создадена од дизајнерот и инструктор Багер Акбај, писателот на научна фантастика Тефик Ујар и компјутерскиот инженер Зејнеп Нал Сезер.
Ѓувен истакна дека ова е само почеток и дека во иднина ќе има и роботи продуценти и сценаристи.