Во Кина се до 2016 година важеше законот дека секое семејство може да има најмногу едно дете, а се заради пренаселувањето и буквално немањето елементарен простор за живот.Но отакако наталитетот почнал драстично да се намалува,контроверзната политика на едно дете во 2016 година, владата ја укина и им дозволи на двојките да имаат најмногу две деца.Сепак, оваа реформа имаше краткотраен ефект и придонесе за зголемување на наталитетот само во првите две години.
Затоа сега Кина објави дека ќе им дозволи на двојките да имаат три деца, завршувајќи ја строгата политика на две деца. Промената била одобрена од претседателот Шји Џинпинг.
Ова следува откако последниот попис покажал дека кинеската популација се зголемува со најбавно темпо во изминатите неколку децении. Тоа го зголеми притисокот врз властите да им дозволат на семејствата да имаат повеќе деца, со цел да се спречи намалувањето на популацијата.
Пописот, чии резултати беа објавени во почетокот на месецот, покажа дека лани биле родени околу 12 милиони бебиња, дури шест милиони помалку во споредба со 2016 година. Ова исто така е најмалата бројка на новороденчиња од 1960-ите.
Статистички гледано, една жена раѓа 1,3 деца. Тоа е на исто ниво со општествата што стареат, како што се индустриски развиените земји Јапонија и Италија. Доколку трендот продолжи, втората по големина економија во светот веројатно ќе се соочи со неповратно опаѓање на населението
Државните медиуми објавија дека новата политика ќе биде проследена и со стимулативни мерки за семејствата, не прецизирајќи какви.