Римац Невера е најмоќниот и најбрз забрзан хомологиран автомобил во производството, без оглед на видот на погонот. Автомобилот има дури 1914 коњски сили. Развива максимална брзина од 412 километри на час и забрзува до 100 километри на час за неверојатни 1,85 секунди.
Невера ќе се произведува целосно во Хрватска, а планот на Римац е да лансира само 150 примероци. Првите испораки веќе започнуваат оваа година. Продажната цена ќе биде два милиони евра или околу 15 милиони куни.
Погледнете ја презентацијата на Римец за хиперавтомобилот Невера.
Rimac Automobili е основана во 2009 година од страна на Мате Римац, кој тогаш имаше само 21 година, со проект за конверзија на стар автомобил на електричен погон. Истиот автомобил во 2011 година постави пт Гинисови светски рекорди. Денес Rimac Automobili развива и произведува клучни системи за електропогон за многу светски автомобилски компании и истовремено ги подига стандардите за возилата зо високи перформанси со сопствените електрични хиперавтомобили. Во компанијата денес работат повеќе од 500 луѓе и продолжува со експоненцијалниот раст.