ПЦР тестот стана вистински бизнис, лабараториите го нудат по пониски или повискоки цени па сите се обидуваат да привлечат што е можно повеќе лица.Од 1800 па се до 2600 денари е обичниот ПЦР тест, а за брзиот некаде се наплаќа дури до 4500 денари. Но ако некому му се брза парите не се проблем. А што се однесува до туристичките патувања и туристичките агенции пронајдоа начин за да привлечат туристи дел од нив по договор со лабараториите добиваат поволни цени за ПЦР тест кои се движат од 900 до 1500 денари.
Од туристичките агенции од земјава, кои организираат патувања во Грција, за Вечер, велат дека интересот на нашите граѓани за летување во оваа земја расте, се прават нови резервации, но проблем за оние кои не се вакцинирани е цената на тестот.
-Во соработка со некои од најдобрите лаборатории и здравствени установи во земјата на нашите клиенти им нудиме можност ПЦР-тест да извадат за само 900 денари. При секоја резервација за Грција ние ги прашуваме дали сакаат преку нас да извадат ПЦР-тест и им закажуваме. На тој начин ќе го добијат тесто брзо и едноставно. Освен тоа на нашите клиенти им нудиме помош за пополнување на ПЛФ-формуларот, кој е задолжителен документот за влез во Грција, велат за ВЕЧЕР од туристичка агенција
ПЛФ формуларот всушност е документ кој содржи лични податоци, траење и адреса на престој во Грција и истиот може да се покаже во отпечатена верзија или од мобилните телефони.
Во Грција може да влезете со сертификат за вакцинација, а последната доза мора да биде аплицирана најмалку 14 дена пред пристигнувањето. Грција ги признава сите вакцини. Ако не сте вакцинирани како доказ може да прикажете и потврда дека сте прележале ковид-19, дијагностициран со позитивен ПЦР-тест или потврда за присуство на антитела со важност од 2 до 9 месеци од датум на дијагностицирањето на болеста.
Според протоколите на здравствените власти пак во Грција секој работодавец е должен два пати неделно да ги тестира вработените, во спротивно плаќа висока глоба. Во секое туристичко место има пунктови за брзи тестови за ковид-19. Овие пунктови најчесто ги посетуваат туристите на кој за враќање во нивната држава им се бара негативен брз тест. На плажите не се носат маски, а има зголемено растојание меѓу лежалките.
Поголем прилив на странски туристи во Грција се очекува на крајот на јуни или почетокот на јули.
Грција годишно ја посетуваат околу еден милион македонски туристи. Во преткризната 2019 година Грција ја посетиле 948.000 македонски државјани, што е за 20 проценти помалку во споредба со 2018 кога имало еден милион 187 илјади македонски туристи.