Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Како што најави УХМР, во вторник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Потоа ќе преовладува значително потопло време со дневни температури кои на места ќе бидат над 30 степени.
извор: www.slobodenpecat.mk