Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од општините во Скопје.
Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Сарај, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Корушка“ и „Драгутин Аврамовски Гуте“, како и дел од корисниците од улицата „Иван Цанкар“, Општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците дел од улицата „Џумајска“, Општина Ѓорче Петров, како и корисниците од улицата „Саса“ – подулици 18 и 32, Општина Кисела Вода.
Во периодот од 10:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од корисниците од село Шишево, Општина Сарај.