Пасошите кои ќе се издаваат од први јули ќе бидат со новото уставно име Република Северна Македонија.
Што се до однесува до важноста на личните документи (лични карти, пасоши и возачки дозволи) со старото име, истите ќе важат согласно законската регулатива и тоа пасошите и возачките дозволи ќе треба да се заменат најдоцна до 12.02.2024 година, додека за важноста на личните карти граѓаните ќе бидат накнадно известени затоа што Законот за лична карта сеуште е во собраниска процедура.
Според неофицијални информации, надградбата на системот за лични документи која се правеше пред неколку недели, била токму поради имплементирање на новото име.
извор: skopjeinfo.mk