Овци за стрижење имало и ќе има, ама се помалку има луѓе кои сакаат да го работат тоа, иако заработката е одлична-1000 евра чисти пари
Милан Марковиќ е еден од ретките кој стрижењето овци го користи како дополнителна работа. Вработен си е редовно во фирма во Чачак а илјада евра месечно од стрижење овци му доаѓа како топ заработка.
-Работата може лесно да се совлада, а најтешко од сè е да се фатат овците и да се врзат додека трае потсрижувањето”.Вели Марковиќ
„Кога започнува пролетта, започнува сезоната на стрижење овци. Секоја година, тие треба да се ишишаат, за да се отстрани вишокот волна и полесно да се сносат со летната топлина. Ова се прави секоја година во мај и јуни, а за десет години како се занимавам со овој бизнис, успеав да истрижам околу 500 овци, луѓето се јавуваат од сите страни“, вели Милан.
Како напредува технологијата во секој сегмент од животот , така се имплеменира и во овој стар занает. Милан е свесен дека со тоа би се олеснала неговата работа, меѓутоа тој не ги претпочита и не ги користи електричните ножици.
„Овците се плашат од електрични машини, им создаваат стрес и овците стануваат нервозни. Затоа, сепак е најдобро да работите со стари, проверени ножици. Важно е човекот да биде подвижен за да може да се справи со некоја непредвидена ситуација“, вели овој мајстор кој најдобро го знае својот занает.
Стрижењето овци можеби не е привлечно како некои други занимања, но најважното нешто поврзано со оваа работа е фактот дека рацете честопати се валкани, но образот е секогаш чист- заклучува Милан.
А вие?
Би стрижеле ли овци?