Населението кое е под најголем ризик од коронавирус ќе треба да прима дополнителна доза на вакцина секоја година, предвидува Светската здравствена организација (СЗО).Според последните проценки претставени на интерен документ до кој имал пристап „Ројтерс“, ова е единствениот начин да се добие заштита од сите видови.
Се проценува дека на општата популација ќе и треба дополнителна доза на секои две години. Таа проценка е вклучена во извештајот што ќе се дискутира на состанокот на Глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ), кој управува со програмата на СЗО, Ковакс. Според прогнозите на експертите, новите варијанти на вирусот ќе продолжат да се појавуваат, а вакцините ќе мора редовно да се подобруваат.
извор: makfax.com.mk