За евентуални рестрикции во врска со делта сојот на коронавирусот што периодов се појавува во Европа, Комисијата за заразни болести се очекува да разговара во понеделник, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Како што кажа тој, здравствените власти во моментов се фокусирани на вакцинирањето кое, се спроведува во сите пунктови во државата.
„Во вторник следната недела ќе заврши вакцинацијата на сите пријавени граѓани, освен во Скопје, Тетово и Битола. Во овие три града ќе се вакцинираат сите пријавени и ќе добијат термин во петок, следната недела“ - рече Филипче.