НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална и детска заштита ќе ја исплати на 5- ти јули (понеделник).
Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 5.7.2021 година, клиентите ќе можат ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:
- 05.7.2021– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
- 06.7.2021– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Со цел заштита на здравјетo, од банката препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, од НЛБ Банка препорачуваат подигнувањето на средства да се врши на банкомат.
При посета на експозитура, од НЛБ Банка замолуваат почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.