По месец и половина откако започна вакцинацијата на граѓани на границата со Македонија, бугарската компанија „Комак медикал“ ја прекинува соработката на 31 јули. Причина за одлуката е дека Македонија обезбеди вакцини за граѓаните во различни градови во земјата.
Вакциналните пунктови на бугарската медицинска компанија работат во реонот на граничните пунктови Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново село, меѓу двете држави и на жителите кои сакаа да се вакцинираат не им беа задолжителни ПЦР тестови за влез во Бугарија. Досега 3.200 граѓани на Македонија беа вакцинирани од страна на „Комак медикал“ и ним им биле издавани сертификати за вакцинација.
Сите што се вакцинирале со една доза, ќе можат да ја примат втората до 31 јули.