Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека сега е многу рано да се каже дали ќе има одложување на почетокот на новата учебна година. Почетокот на школската година, како што рече, ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу ќе зависи од емидемилошката ситуација, генерално во земјава.
– Во секој случај тоа што е најбитно е дека се е спремно за почетокот на школската година и се уште е во тек вакцинацијата на наставниците и се чека да заврши тој процес, изјави Филипче.
извор: vecer.mk