„Според јавниот повик кој беше објавен на 7 јуни, сите граѓани кои ќе вградат ваков вид на уреди во своите возила, ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра“, велат од Министерството за економија.
По еден месец од објавувањето на јавниот повик за субвенции за уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, Министерството за економија денеска го затвори повикот, поради големиот интерес искажан од граѓаните. Иако јавниот повик требаше да трае 60 дена, од 7 јуни како ден на неговото објавување, заклучно со денешниот ден, пристигнати се 670 барања за субвенции од граѓаните за вградување плински уред во возилата.
Од друга страна, Министерството за економија со актуелниот повик од годинешниов буџет има предвидено 11.000.000 денари за оваа намена, за околу 610 апликанти.
„Според јавниот повик кој беше објавен на 7 јуни, сите граѓани кои ќе вградат ваков вид на уреди во своите возила, ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра“, велат од Министерството за економија.
Во рамките на јавниот повик, предвидено беше сопствениците на возила произведени од 2005 година, па наваму, да извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, по денот на објавување на јавниот повик, во некој од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди.
Инаку, очекувањата се дека граѓаните во наредниот период ќе пројават зголемен интерес за вградување на плински уреди во возилата поради воведувањето на еколошката такса за горивата, која Владата на РСМ најави дека ќе се спроведе од месецов.
meta.mk