РК Алкалоид е новиот клуб во македонскиот ракомет. Тој ќе се натпреварува во Првата лига, целта ќе биде созадавање на квалитетна иднина на македонскиот ракомет, токму во овој тим ќе се гради светлата иднина на најуспешниот национален тим.
Претседател на клубот ќе биде Горан Минов, некогашен ракометар, а додека главен пратнер ќе биде Кирил Лазаров, најдобриот македонски ракометар, капитен и селектор на нашиот најдобар национален тим.
„Клубот е основан со управна одлука на компанијата, тој ќе настапува во Првата машка лига. На ваков чекор се одлучивме бидејќи ќе биде место каде што младите таленти правилно ќе ги насочиме според вистински вредности. Регрутирање, градење и насочени на млади македонски таленти е она за што ќе се залагаме, она за што се залага и компанијата Алкалоид. Цврсто ќе настојуваме да се вистинските вредности“, изјави првиот човек на Алкалоид, Живко Мукаетов.
Новиот проект не значи дека Алкалоид ќе престане со помош на РФМ.
„Синергична додадена вредност е она што Алкалоид го даваше на ракометна федерација на Македонија. Клубот нема да има превелигиран статус, затоа тргнува од Првата лига, тој треба да напредува. Јас целосно ќе се дистанцирам. До сега сум покажал дека РФМ е на прво место, идејата не е да се трча по резултати, туку да се мисли на репрезентацијата“, додаде Мукаетов.
извор: sportski.mk