Колку пати ви се случило да викнете мајстор за некакква поправка по дома и на крајот да бидете запрепастени од цената која треба да ја платите. А и да немате друг излез иако сумата е навистина солена.Токму заради ова Здружението на потрошувачи во Србија воведува закон според кој Мајсторот мора претходно написмено да му покаже на муштеријата колку ќе чини неговата услуга, па ако се случи да не му одговара може слободно да не се согласи да се изврши поправката,А исто и доколку мајсторот на крај си истресе цена од ракав човекот што го викнал воопшто не мора да му плати..
Овој закон ви го пренесуваме во целост па да размислиме дали можеби треба да го имаме и во нашата земја а деталите се овие:
Со овој закон во Србија, значи дека во иднина, , мајсторите ќе мора да го информираат клиентот кога цената на нивните услуги е поголема од 5.000 динари и да добијат писмена согласност за клиентот да се согласи на тоа.Во спротивно, доколку нема согласност, купувачот има можност на крајот да одбие да плати за услугата што ја извршил повеќе од 5.000 динари, потврдуваат з од Националната организација на потрошувачи.
Имате право да не плаќате
Како што велат од Националната организација на потрошувачи vo Србија, кога купуваме стоки од трговци, веднаш знаеме која е цената и нема простор за преговори.
„Од друга страна, со услугите на водоводџија, клиентот мора да биде информиран на почетокот колку чини нешто. Поставен е повисок степен на одговорност за да потрошувачот првично да дознае која цена треба да плати. Ако првично сте се согласиле дека нешто чини 3.000, тој нема право да наплаќа повеќе. Доколку тоа се случи, имате право да не плаќате ништо над договорената сума “, велатод Националната организација на потрошувачи.
Но сепак нагласуваат дека она што мора да се плати е саатницата односно потрошеното време на мајсторот сума која тој лично ја одредува и е должен да ја каже пред да дојде да го дијагностицира проблемот
Во ситуации пак кога мајсторот прво мора да го расклопи уредот или на друг начин да дијагностицира дефект, после тоа тој исто така мора да го информира клиентот што е проблемот и колку ќе чини.
„Ако сакате услугата да се изврши, тогаш договорете се за цената. Ако цената не ви одговара, не мора да ја прифатите, но мајсторот е должен да го врати уредот во првобитната состојба. Потоа може да го наплати неговото работно време и цената на пристигнување и потрошеното време. Цената на пристигнувањето и работното време исто така треба да бидат наведени на почетокот, а муштеријата мора однапред да знае колку ќе чини за мајсторот да дијагностицира дефект “,велат од Националната организација.
Како што велат од оваа институција, саатницата за некои мајстори чини од 500 до 1.000 динари, тие наплаќаат и само за доаѓање а многу клиенти не го знаат тоа.
". Се разбира, должноста на мајсторот е да му ги покаже трошоците за пристигнување. Тие ги покриваат трошоците за патување, гориво, потрошено време, итн..
Мајсторот сам си ја одредува вредноста
"Секој има право да направи ценовник како што му одговара и да го прикаже така што ќе биде видлив. Исто е како некаде кафето чини 100, а некаде 300 динари, а купувачот сам одлучува. Ако мајсторот наплати 500 динари за една услуга, а другиот 3.000, тоа е нивно право, сè додека купувачот е навремено информиран “, велат од Националната организација.
Каков и звучи ваков закон? Ни треба ли во земјава?