Македонските граѓани од денес во земјава може да се вакцинираат против ковид-19 без закажан термин.
- Од денес по слободна волја може да се вакцинираат и деца од 12 до 16 години, а за нив ќе биде достапна само вакцината на „Фајзер“.
- Денеска исто така почнува и теренската вакцинација низ земјава.
- Граѓаните кои немаат закажано термин, првата доза вакцина ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените, домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи.
- Во спортските сали, ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина.
- Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите од здравствените установи.
- Во Скопје вакцинарање без закажан тремин, ќе има во Поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Чаир, кои ќе работат од 7.30 до 19.30 часот.
- Од денес ќе се отвори и нов вакцинален пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари кој ќе работи од 7.30 до 14.30 часот.
- Процесот за теренска вакцинација е организиран, здравствените домови од секој град, во соработка со локалната самоуправа, месните заедници со помош на локални медиуми, плакати, ги информираат граѓаните за денот и часот , во кое село, населба, рурално населено место ќе се врши вакцинација.
- Вакцинацијата во земјава се одвива со „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Синовак“.
- На вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 417.141 граѓани.
Министерот за здравство Венко Филипче смета дека сега, кога државата обезбедила доволно вакцини против ковид-19 за да бидат достапни за секој што сака да се заштити, повеќе не би требало да има затворања за сите, полициски часови и слично, туку граѓанките и граѓаните да си преземат одговорност за сопственото и за здравјето на најблиските. Остануваат само основните мерки за спречување на ширењето на заразата – маски во затворено, или каде што има многу луѓе на мал простор, социјална дистанца и често миење раце.