Владата го утврди Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, односно за стечајците
Со измените предвидено е условот којшто се однесува на должината на работниот однос да биде 14 години, заклучно со 31.12.2020 година сѐ со цел да се обезбеди еднаквост на граѓаните при остварување на правото на материјално обезбедување кое ќе го остварат уште најмалку 1.100 стечајци.
Заедно со претходните законски решенија, вкупниот опфат на стечајци што го оствариле или ќе го остварат правото за надомест во висина од 9.242 денари до нивното пензионирање, е близу 13.000 лица.
Определбата на Владата на целосна фокусираност на социјалните политики кон сите наши граѓани од ранливите категории, продолжува и во наредниот период.
Вниманието останува целосно насочено кон зачувување на работните места, и кон поддршка за социјално ранливите како што се стечајците, пензионерите и невработените.