Од септември првоодделенците ќе учат по нова наставна програма за што привршува подготовката на материјалите за учење. Имплементацијата на новиот Концепт стартува од новата учебна година во прво и четврто одделение. Промените ќе се прават етапно, а реформата во деветолетката се очекува да заврши за 5-6 години. Материјалот ќе биде интересен, возбудлив за учениците, кој ќе биде шаренолик и богат со илустрации, и што е најважно едукативен и практичен.
Содржината на материјалот ќе биде разбирлива за учениците, а целта е преку активности и игри да се учи наставната материја и да се разберат аспектите на родова еднаквост, интеркултурализмот, инклузијата, заштитата на животната средина, почитувањето, правата и слично. Целта на новата програма е да им овозможи на учениците поинаков пристап каде ќе се зголемат знаењето, вештините и ставовите.
извор: 24info.mk