Колумбиските власти ја укинаа забраната за извоз на сув цвет од канабис за медицински цели, објави на Твитер претседателот на Колумбија, Иван Дуке.
– Ние сакаме медицинската индустрија поврзана со канабисот да стане една од нашите извозни локомотиви, напиша Дуке на Твитер.
Тој истакна дека благодарение на иновациите, Колумбија ќе добие најнапредни механизми за законско регулирање на таа индустрија, чиј извозен потенцијал во Јужна Америка се проценува на шест милијарди долари.
Производството на марихуана за медицински цели е легално во Колумбија од 2016 година, но досега локалните земјоделци можеа да го извезуваат само растителниот екстракт.
Новата норма ќе овозможи и употреба на растителните суровини за производство на козметика, прехранбени производи и текстил.