Екстремно врел воздух од Северна Африка ќе почне да зафаќаат големи делови од Европа во текот на овој викенд, што според метеоролозите се опишува како „катастрофален топлотен бран“. Ваквиот феномен, според научниците, се припишува на ретките сирокоски ветрови кои од пустината Сахара ќе донесат уште повисоки температури и ќе создадат неиздржливи временски услови во јужна Европа.
Се очекува Италија да ја доживее првата експлозија од бруталната топлина во недела, жештината да се рашири југоисточно кон Грција, Бугарија и Турција.
Синоптичарите очекуваат живата на термометрот да се движи над 40 степени викендов пред да се искачи до 45 Целзиусови степени, па дури и 50 Целзиусови степени до крајот на следната недела.
Највисоката досега температура во Европа е забележана на 10 јули 1977 година, кога живата достигнала 48 степени Целзиусови во Атина, Грција.
Најновите карти покажуваат дека екстремниот временски систем се повлекува кон Европа.
Графиконите за температура покажуваат големи области во јужна Европа да добијат темна нијанса на црвено во текот на следните седум дена.
Јан Шенк, шеф на The Weather Channel, Германија, изјави: „Катастрофален топлотен бран се движи кон јужна Европа и, подгответе се, следната недела е можно до 50 степени Целзиусови, температурниот рекорд на цела Европа може да биде соборен. Моментално е на 48 степени.
„Во одреден момент, ќе биде невозможно да се направи разлика помеѓу различните воздушни маси, а потоа ќе биде исто толку жешко во Грција како и во Сахара, а потоа ќе доживееме екстремна топлина со температури кои ќе се искачат до 45 ° C, а во некои области можни се 50°С.
Сирокоските ветрови потекнуваат од Северна Африка и Медитеранот.