Сакате да имате камера во автомобилот (dash cam), но со вашиот буџет не можете да си дозволите од оние поквалитетните, а со тоа и поскапи? Преминете на планот „Направи сам“
Камерата за снимање сообраќај полека станува задолжителен дел од „опремата“ во автомобилот. Можете сами да направите авто-камера, а за тоа ќе ви биде потребно:
- Стар смартфон
- Држач за мобилен телефон
- Полнач
- Апликација за снимање сообраќај
Како да го претворите стариот смартфон во авто-камера?
1. Наместете го држачот за телефон на погодно место за да може камерата на намонтираниот смартфон да снима пред автомобилот. Позиционирајте го на контролната табла или на шофершајбната, зависно од видот на држачот и начинот на фиксирање.
2. Вклучете го полначот за телефонот во 12V приклучок во вашиот автомобил или преку USB приклучок. Кабелот треба да е доволно долг да досига до телефонот без проблем.
3. Инсталирајте некоја бесплатна апликација за снимање на сообраќај на смартфонот. Најдобрите апликации за iPhone и за Android може да ги разгледате ТУКА.
4. Поставете го телефонот во држачот, вклучете го на полначот и активирајте ја функцијата за снимање на апликацијата.
Претходно, извршете ги сите нагодувања на апликацијата согласно вашите потреби: резолуција на снимката, употреба на GPS за следење на локацијата и брзината, форматот на датумот, единицата за мерење брзина, како и снимање додека е активирана и друга апликација.
Не заборавајте да нагодите каде да завршува снимениот материјал – на внатрешната меморија или на мемориска картичка.
Сигурно нема потреба да ве потсетуваме на ова, но земајте го со себе смартфонот кога излегувате од автомобилот, за да не им „боди очи“ на потенцијални крадци.