„Јунајтед Ерлајнс” прв побара вакцинација на вработените како услов за работа
Американската авиокомпанија „Јунајтед Ерлајнс” ќе побара од вработените во САД да се вакцинираат против коронавирусот, објави денеска компанијата, со што стана прва во американскиот воздушен сообраќај која побарала од своите вработени да бидат имунизирани како услов за работа.
Тоа правило ќе важи за 67.000 работници кои работат во САД, пишува „Вашингтон пост”.
– Знаеме дека некои од вас нема да се согласат со оваа одлука да се бара вакцинација од сите вработени во Јунајтед Ерлајнс, изјавија извршниот директор Скот Кирби и претседателот на авиокомпанијата, Брет Харт, во писмо до вработените.
Тие додаваат дека немаат поголема одговорност кон вработените отколку да им гарантираат безбедност кога се на работа, а „фактите се кристално јасни – сите се побезбедни кога сите се вакцинирани”.