По автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат велосипеди. Добро е да се повторат!
• Велосипед на пат може да управува лице кое наполнило десет години.
• Во зона на смирен сообраќај, велосипед може да управува лице помало од десет години само ако е во придружба на лице постаро од 16 години.
• Возачот на велосипед може да превезува други лица само ако на велосипедот постојат посебни седишта.
• Деца помали од 14 години не смеат на велосипед да превезуваат други лица.
• По автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат велосипеди.
• Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот.
• На велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна.
• Возачот на велосипед е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не смее да ги симнува рацете од управувачот, и не смее да се придржува за друго возило.
• Возач на велосипед, за времето додека управува со велосипедот не смее да води животни.
• На велосипедски патеки уредени и обележани за сообраќај на велосипеди во двете насоки, велосипедистите се движат по десната страна во правецот на движењето.
• Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, возачот на велосипед се движи по десната велосипедска патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот.
• 25 km/h е ограничена брзината за велосипеди кога се движат по велосипедска патека или лента.
• Возачот на велосипед е должен да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои велосипедска патека - по велосипедската патека, односно лента.
• Ако двајца или повеќе возачи на велосипед се движат во група должни се да се движат еден позади друг.