Застрашувачки топлински бран се шири од северот на Африка кон југот на Европа, објави синоќа на Твитер шкотскиот метеоролог Скот Данкан.
Така, вчера, во главниот град Тунис, измерена е температура од неверојатни 49 степени Целзиусови, со што воедно е урнат и историскиот температурен рекорд.
Просечните температури во Тунис во август се движат околу 30 степени Целзиусови, а вчерашното мерење го сруши рекордот од 47,4 степени Целзиусови измерени во јули 1943 година.
– Ова е само почеток на суровиот тобплински бран, напиша метеорологот.
Вчера, на италијанскиот остров Сицилија, што воедно е и најголем остров на Медитеранот, измерена е температура од дури 47 степени Целзиусови.
Скот наведува дека следна на патот на топлинскиот бран е Шпанија.